Реализацијата на „Минската спогодба“ е можна ако Вашингтон почне да го условува нејзиното исполнување со кредитите за Украина, напиша на својот Фејсбук-профил портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
Претходно медиумите повикувајќи се на прес-службата на претседателот на Украина соопштија дека претседателот Обама ја потврдил подготвеноста да му ја даде на Киев третата транша кредит во износ од 1 милијарда долари по завршувањето на процесот за формирање на влада во Украина.
„Еве го и одговорот на прашањето кога ќе биде реализирана „Минската спогодба“. Тогаш, кога Вашингтон ќе почне да го условува давањето на траншата од 1 милијарда со исполнувањето на обврските од страна на Киев од овој документ“, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче