Полски министер: Сили на САД во Полска - подобри односи со Русија

Министерот за одбрана на Полска Антони Мацеревич изјави дека присуството на сили на САД во Полска ќе ги подобри односите со Русија, затоа што „колку си посилен, толку повеќе пријатели имаш“.

Шефот на полската одбрана Мацеревич изјави дека Министерството за одбрана на САД ветило дека ќе испрати во Централна и Источна Европа 4 илјади војници и околу 2 илјади парчиња транспортни средства. „Американската бригада ќе биде стационирана во цела Централна и Источна Европа, е само во Полска“, ги пренесува неговите зборови „Радио Полска“.

Изјавата на министерот беше дадена во текот посетата на полигонот за обука во Дравско-Поморски каде во јуни ќе се одржат маневри на силите на НАТО и земјите-сојузнички под називот „Анаконда“. Планираните маневри ќе бидат најголеми во Полска од 1989 година и во нив ќе земат учество речиси 30 илјади војници.

Мацеревич објасни дека овие маневри се голем воен проект кој ќе има влијание врз ситуацијата во Европа.

„Полска и земјите на источното крило можат да се чувствуваат безбедни благодарение на учеството во најголемата и најсилна одбранбена алијанса на светот“,потенцираше тој.

„Тоа е и целта на овие маневри – да се запре секој противник и да се покажат можностите достапни на сојузниците“, изјави Мацеревич. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња