„Ако „Гаспром“ ни предложи пазарна цена, нема да ја следиме политичката задача да не се согласиме на таа цена“, рече украинскиот министер Демчишин.
Тој додаде дека смета дека праведната цена е „далеку под 180 долари“ за илјада метри кубни гас, пренесува РИА Новости.
Медиумите на 31 март пренесоа дека „Нафтогас на Украина“ е подготвен да позајми од меѓународните финансиски институции околу 500 милиони долари за грејната сезона 2016-2017. Претседателот на компанијата Андреј Коболев прецизираше дека таа сума нема да биде доволна и затоа гасот ќе се купува и со средства на „Нафтогас на Украина“.
Истиот ден од украинскиот холдинг изјавија дека од 1 април немаат намера да купуваат руски гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче