„Вкупно во текот на 2015 година на терористите преку Турција им се испорачани 2,5 илјади тони амониум нитрат (во вкупна вредност од 788,7 илјади долари), 456 тони калиум нитрат (468,7 илјади долари), 75 тони алуминиум во прав (496,5 илјади долари), натриум нитрат (19,4 илјади), глицерин (102,5 илјади долари) и азотна киселина (34 илјади долари), изјави Чуркин, пренесува РТ на руски.
Тој исто така изјави дека Турција е главниот испорачувач на оружје и воена техника за борците на ИД. Дипломатот потенцираше дека разузнавањето на Турција е одговорно за таа работа.
Чуркин наведе податоци за испораки на оружје, муниција и техника за терористите во Сирија кои се реализирале во периодот од ноември 2015 година до крајот на јануари годинава.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче