Договорната цена на рускиот гас за Украина во вториот квартал на 2016 година ќе биде помала од 180 долари за илјада кубни метри, изјави министерот за енергетика на Русија Александар Новак, пренесува РИА „Новости“.
Претходно украинскиот министер за енергетика и индустрија за јаглен Владимир Демчишин изјави дека цената на рускиот гас за Украина од 1 април изнесува 185 долари за илјада кубни метри, додека „Нафтогас на Украина“ во Европа може да го купува по 170 долари за илјада кубици.
Рускиот министер изјави дека рокот на важност на попустот на руски гас за Украина истекува – од 1 април неговата цена во целост ќе одговара на важечкиот договор меѓу „Гаспром“ и „Нафтогас на Украина“.
Според зборовите на Нова, нема потреба од попуст, затоа што поради намалувањето на цените на енергенсите вредноста на рускиот гас за Украина е конкурентна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче