Шојгу предлага партнерите на РФ да се придружат на деминирањето на Палмира

Шојгу го истакна овој предлог на средбата со вицепремиерот на владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу истапи со предлог до партнерите на Русија да учествуваат во деминирањето на Палмира.

„Мошне голема работа се одвива во врска со деминирањето на спомениците на културата во Палмира. И ние се обраќаме до нашите колеги, до нашите партнери со предлог за заедничка операција која предвидува во прв ред деминирање на територијата на спомениците, како и деминирање на самиот град“, изјави Шогу, пренесува РТ на руски.  

Министерот истакна дека целото население било принудено да го напушти градот додека се одвивале борбените дејствија. Сепак Сиријците сакаат да се вратат и да ја обноват Палмира, веднаш откако таа ќе биде исчистена од мините.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња