Русија ја потврдува својата принципиелна приврзаност на Договорот за РСМД

Кремљ реагираше на изјавата на американскиот претседател Барак Обама дека Москва ги прекршува своите обврски во сферата на нуклеарната безбедност. Овие изјави се неосновани, сметаат во Москва. Москва исто така потенцираше дека нема намера да дискутира со никого за своите активности во врска распоредувањето на нуклеарно оружје на Крим.

Кремљ одговори на изјавата на претседателот на САД Барак Обама дека Москва ги прекршува своите обврски во сферата на нуклеарната безбедност според договорот за РСМД (постојаниот Договор за уништување на ракетите со среден и мал дострел кој стапи на сила во 1988 година. – ред.). 

„Руската страна ја задржува својата приврзаност на Договорот за РСМД“, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, нарекувајќи ги претензиите на САД „неосновани“. Истовремено, и Русија веќе има низа жалби спрема САД на планот на реализација на договорот, изјави Песков, но не сакаше да ги конкретизира: „Сепак тоа е прашање за експертите“.

На 30 март, пред почетокот на Самитот за нуклеарна безбедност, во весникот „Вашингтон Пост“ излезе статија на американскиот претседател во која тој, меѓу другото, ја повикува Русија да го намали нуклеарниот арсенал. Исто така е познато дека на самитот украинскиот претседател Петро Порошенко има намера да зборува за наводно постојните планови на Русија да распореди на Крим нуклеарно оружје. Во врска со тоа, украинскиот лидер донесе нова концепција за безбедност и одбрана на земјата.  

Сепак прашањето за распоредување на нуклеарни боеви глави на Крим Русија нема намера да го дискутира, потенцираше Дмитриј Песков.

„Бидејќи Крим е регион на Руската Федерација, Русија нема намера со никого да дискутира за активностите на својата сопствена територија кои се вршат во строга согласност со нормите и принципите на меѓународното право“, изјави портпаролот на претседателот на РФ.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња