Приведено лицето кое ја презеде одговорноста за убиството на рускиот пилот

Во Турција приведен човекот кој тврдеше дека е одговорен за убиството на пилотот на соборениот руски Су-24 во Сирија

Турските власти го приведоа Алпарслан Челик, кој претходно ја презеде одговорноста за убиството на Олег Пешков – пилотот на рускиот Су-24 што беше соборен над територијата на Сирија, соопшти во четвртокот весникот „Хуриет“.

Челик се врати од Сирија, каде војуваше на страната на бунтовниците против владините сили и беше приведен во средата вечерта во градот Измир на западот на Турција во еден ресторан. Причината за приведувањето не се наведува.

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова од своја страна изјави дека рускиот дипломатски ресор ќе ја проучи информацијата за приведувањето на осомничениот.

„Штом ќе добиеме конкретни информации, ќе ги коментираме“, изјави Захарова.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња