Рускиот институт за стратешки истражувања РИСИ неодамна во прес-центарот на МИА „Русија денес“ (Россия сегодня) го претстави годишниот политички извештај „Странските медиуми во 2015 година - антирускиот вектор“. Стручњаците на институтот РИСИ во текот на подготвувањето на реферат темелно целата измината година ја проучуваа медиумската политика на 60 земји или уште попрецизно во анализата вклучија 65000 единици изворен материјал.
Раководителот на Центарот за евроатлантски истражувања на РИСИ Григориј Тишенко рече дека во овој момент медиумската војна ескалирала и дека во странските медиуми расте воено-политичката затегнатост, а главен предмет на пропагандните напори на светските медиуми претставува рускиот претседател. Константно во медиумите следиме необјективна оцена на неговите активности, изјави научникот.
Раководителот на секторот за проблеми на регионалната безбедност Игор Николајчук го истакна непријателскиот став кој спрема Русија го имаат претставниците на англосаксонскиот свет, а лидери според негативниот однос спрема РФ се Полска, Германија, Чешка и Шведска.
Оценето е дека во текот на минатата година предизвиците за националната безбедност на Русија во информативно-комуникацискиот простор беа, како и досега, различни. Водечките земји на Западот продолжија со политиката на формирање на антируско јавно мислење и дискредитација на имиџот на РФ на меѓународната сцена.
Против Руската Федерација е организирана и реализирана низа нови информативни кампањи, а по размерите особено се истакнува антируската пропаганда, поврзана со почетокот на антитерористичката операција на РФ во Сирија, потоа продолжувањето на антируските економски санкции, како и информативно-психолошкиот притисок врз претседателот на Русија, без преседан, придружуван со напади од лична природа.
Врз основа на сите изнесени факти може да се оцени дека информативната војна против Русија прејде на квалитативно ново ниво, заклучено е на презентацијата на извештајот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче