Шевролет Нива и подобра, и поскапа

„АвтоВАЗ“ соопшти дека се извршени работи за подобрување на карактеристиките на автомобилот „Шевролет Нива“. Верзиите како L и LC сега имаат изотермички стакла, а LE наслони за глава на задното седиште.

Верзијата GLC има грејачи на задното стакло, радио-уред и два предни звучници, седиште за возачот со посебни прилагодувања. „Шевролет Нива“ во верзијата LE+ исто така доби грејачи на стакло, заштита за моторот под вода и редуктор на предниот мост, друг ентериер и лиени дискови „графит“ во сива боја, пренесува Quto.ru.

Компанијата од 1 април 2016 година ги зголемува цените на најдобрите верзии на автомобили. Најдостапната „Шевролет Нива L“ може да се купи за 570000 рубли (досега се нудеше за 555000 рубли). Најдобро опремената верзија LE+ ќе чини од 690000 рубли (во моментов автомобилот се нуди за 668000 рубли).

„АвтоВАЗ“ од неодамна нуди нови верзии на автомобилите. Сега меѓу основната и лукс верзијата се појави „преодната“ GL, која има АBS, безбедносни воздушни перничиња за возачот и совозачот, клима-уред, браници во боја, предни магленки, клуч со далечинско управување на безбедносната сигнализација и др.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња