Одбивањето на Русија да учествува во претстојниот самит за нуклеарна безбедност ќе доведе до нејзина понатамошна изолација, „тоа е пропуштена шанса“. Со вакво тврдење во вторникот истапи советникот за надворешна политика на претседателот на САД Бен Роудс, пренесува ТАСС.
„Во однос на одлуката на Русија да не учествува (на самитот) на високо ниво – сметаме дека пред сѐ тоа е пропуштена шанса“, изјави Роудс, истакнувајќи дека РФ „имаше добивка од соработката во сферата на нуклеарната безбедност. „Искрено кажано, правејќи го тоа, тие се изолираат самите себеси“, тврди советникот.
Истовремено главниот советник на американскиот претседател за надворешна политика увери дека Москва и Вашингтон „ги продолжуваат соработката и дијалогот“ по прашањата кои се однесуваат на нуклеарната безбедност.
Претходно во вторникот заменикот-државен секретар на САД за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедност Роуз Готемилер изрази жалење во врска со отсуството на Русија на листата со учесници на самитот што ќе се одржи во Вашингтон од 31 март до 1 април. Таа исто така акцентираше дека „соработката со Русија продолжува во многу сфери“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче