Русија не исклучува проширување на ембаргото за турски производи

Ограничувањето на испораката на сите растителни производи од Турција може да биде воведено во текот на месецов, изјави првиот човек на „Россељхознадзор“ Сергеј Данкверт.

Првиот човек на „Россељхознадзор“ Сергеј Данкверт не исклучува воведување забрана за испорака на сите растителни продукти од Турција, пренесува РИА „Новости“.

„Ќе бидеме принудени воопшто да воведеме ограничувања на испораката на растителни продукти (од Турција). Тоа може да се случи во текот на месецов“, изјави Данкверт.

Според неговите зборови, претходно претставници на турската страна доаѓале на преговори за настанатите разногласија кога се работело за забрана. Сега се ограничуваат на писма во кои соопштуваат дека „се извршени корективни мерки“ за поправање на недостатоците. „Но пазарот е наш, и вие треба да нѐ убедите дека тие мерки се доволни. Не нѐ убедија“, истакна Данкверт.

„Мислам дека ќе воведуваме ограничувања или по име, или одеднаш ќе воведеме за сѐ, затоа што ако не успееме да стапиме во контакт, ако не успееме да дискутираме, тогаш ќе мора да воведеме (ограничувања) за сѐ. Или ќе дојдете и дискутирате, или самите ќе си го одберете својот пат. Ние не можеме да ве наговориме“, додаде Данкверт.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња