Песков објасни зошто Путин нема да учествува на нуклеарниот самит

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека рускиот лидер Владимир Путин нема да учествува на нуклеарниот самит во Вашингтон поради немање соработка во текот на подготовката на самитот.

„Прашањето за нуклеарната безбедност е многу актуелно, а Москва истовремено смета дека разгледувањето на прашањата поврзани со нуклеарната безбедност бараат општи и заеднички напори и заемно почитување на интересите и позициите во текот на подготовките. Почувствувавме одреден недостиг на соработка во прелиминарната разработка на прашањата и темите на самитот, затоа во овој случај нема да има учество од руска страна“, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Директорот на Одделот за неширење и контрола на вооружувањето при МНР РФ Михаил Уљановски рече дека изјавите на Вашингтон за тоа дека Русија самата се исклучува од дискусиите за прашањата околу нуклеарната безбедност се исполитизирани.

„Руската Федерација спаѓа во водечките земји по прашањето за физичко осигурување на нуклеарната безбедност, а тоа е тема со која се занимава самитот и ние тука играме една од главните улоги. Затоа тезата дека самите се исклучуваме е многу затегната и исполитизирана“, изјави Уљановски, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња