На церемонијата за доделување на наградата која го носи името на новинарката Робин Тонер, а се доделува за истакнат придонес во политичкото новинарство, Обама пренесе некои детали од разговорот со претседателот Путин за Сирија и Украина, пренесува Гласот на Америка.
„Тој (Путин) ја прочитал статијата на Џеф Голдберг во магазинот „Атлантик“ за мојата надворешнополитича доктрина. И рече: Не се согласувам со некои ставови што ги изнесовте“.
Обама додава дека бил точно цитиран во статијата, но и дека „веројатно не ги пренеле сите нијанси на моите сфаќања за конкретната тематика“.
„Му реков: Се разбира, за разлика од тебе, Владимир, јас не ги уредува, статиите пред нивното објавување“, изјави Обама.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.