Министерството за финансии на САД ја објасни целта на антируските санкции

Економските ограничувања се моќно политичко оружје со кое не треба да се однесуваат лекомислено, изјави министерот за финансии на САД Џејкоб Лу.

Санкциите против Русија се насочени кон „центрите на власта кои донесуваат одлуки“, изјави министерот за финансии на САД Џејкоб Лу, соопшти агенцијата „Ројтерс“.

Американскиот министер потенцираше дека економските санкции претставуваат моќно политичко оружје со кое не треба да се однесуваат лекомислено.  

„Ние не треба да се откажуваме од примена на санкции поради тоа што тие го забавуваат економскиот раст“, истакна тој.

Лу додаде дека САД треба да ги укинат санкциите спрема земјите кои ја менуваат својата политика. Како пример тој го спомена укинувањето на санкциите спрема Иран во врска со ограничувањето на иранската нуклеарна програма.

Американските санкции против Русија беа продолжени на 3 март со одлука на претседателот на САД Барак Обама. Портпаролот на амбасадата на САД во Русија Вилијам Стивенс изјави дека одлуката за продолжување на мерките за ограничување се рутински чекор и претседателот Обама може да ги укине секој момент штом Москва во целост ја реализира „Минската спогодба“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња