Извор: Во Москва приведени дваесетина врбувачи за ИД

ФСБ и полицијата во текот на заедничката операција приведоа околу дваесетина лица осомничени за врски со терористичката организација „Исламска држава“.

Група од дваесетина приврзаници на забранетата во Русија терористичка група „Исламска држава“ е приведена во средата во Москва, соопшти за РИА „Новости“ извор во органите на редот и мирот. „Во текот на заедничката операција на ФСБ и полицијата се приведени околу дваесетина лица кои се сомничат за врски со ИДИЛ. Во Москва, според првичните информации, тие се занимавале со потрага и врбување на нови членови“, соопшти изворот.

РИА „Новости“ не располага со официјална потврда на оваа информација.

Според податоците на руските безбедносни служби, во активностите на меѓународните терористички организации на Блискиот Исток учествуваат околу три илјади руски државјани. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.