Хамонд: Русија е „закана за сите“

Британскиот министер за надворешни работи додаде дека е време Русија да почне да игра конструктивна улога на меѓународната сцена и да почне да ги почитува правилата.

Министерот за надворешни работи на Велика Британја Филип Хамонд изјави во средата во текот на својата посета на Грузија дека Русија претставува закана за сите земји, затоа што наводно не ги почитува меѓународните норми.

„Русија ги игнорира меѓународните норми и ги крши правилата на меѓународниот систем. Тоа претставува предизвик и закана за сите нас“, изјави Хамонд, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Хамонд додаде дека е време Русија да почне да игра конструктивна улога на меѓународната сцена и да почне да ги почитува правилата. Тој исто така укажа на тоа дека Британија и Русија имаат заеднички интерес во борбата против „Исламската држава“ во Сирија и Ирак.

„Мора да постои начин да се почитуваат правилата на меѓународниот систем, ако сакаме да соработуваме“, изјави Хамонд. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња