Асад: Руските бази не се окупација, туку стабилност и безбедност

Претседателот на Сирија Башар Асад изјави дека не го гледа распоредувањето на воените бази на РФ на територијата на земјата како окупација.

Според зборовите на сирискиот претседател Башар Асад, присуството на руските војници претставува пријателски гест, насочен кон одржување на стабилноста и безбедноста во Сирија, пренесува РТ на руски.

„Со Русија имаме односи кои се постари од шест децении, изградени се врз доверба и јасност... Од друга страна, Русија сега во својата политика се потпира врз принципи, и ние исто така се потпираме врз принципи. Затоа, кога во Сирија се појавуваат руски воени бази, тоа не е окупација, ами напротив, зајакнување на пријателството и врските, засилување на стабилноста и безбедноста. А ние го сакаме токму тоа“, изјави Асад.

Руските војници остануваат во Сирија за пружање поддршка во борбата против терористите на „Исламската држава“ и одржување на примирјето. Претходно основниот дел на контингентот беше повлечен од земјата по наредба на претседателот на РФ Владимир Путин.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња