Мотоклубот „Ноќни волци“ планира на крајот на април да го започне второто дефиле од Москва до Берлин посветено на Денот на Победата, изјави во вторникот претседателот на мотоклубот Александар Залдостанов попознат под прекарот Хирург.
„По успешниот марш минатата година сакаме да го повториме тоа и оваа година... Можно е во иднина тоа да стане традиција – прослава на Денот на Победата на тркала, на мотоцикли“, изјави тој.
Стартот на колоната е предвиден за 29 април. Маршрутата на дефилето е преку Русија, Белорусија, Полска, Словачка, Австрија, Чешка и Германија. Се планира дефилето да заврши на 9 мај во Берлин.
Залдостанов увери дека дефилето ќе биде многу побројно од минатата година. „Колку повеќе ќе се обидуваат да нѐ поганат нашите непријатели или луѓето чија цел е да ја препишат историјата, да ја понижат Победата, толку повеќе луѓе ќе нѐ поддржуваат“, истакна тој, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче