Медиум: Западот ја процени операцијата на РФ во Сирија по бројот на медали

Врз основа на налогот на Кремљ и тендерот на Министерството за одбрана на РФ за изработка на 10300 медали со кои ќе бидат наградени војниците за учеството во воената операција во Сирија можат да се заклучат вистинските размери на руската воена кампања, пишува француски „Ле Паризиен“.

Руското Министерство за одбрана планира да ги награди војниците кои учествуваа во воената операција во Сирија, каде се бореа против „Исламската држава“ во соработка со режимот на Башар Асад, пишува „Ле Паризиен“. Кремљ нареди да се изработат преку десет илјади медали, за што се дозна кога на сајтот за јавни набавки беше објавен тендер.

Врз основа на споменатите 10 300 медали, а кои ќе ја чинат државата 2,2 милиони рубли, што изнесува околу 28900 евра, може да се процени величината на руската воена операција во Сирија. Москва постојано одбиваше да признае дека паралелно со воздушните дејствија реализира и копнени операции. Освен тоа, никогаш не изнесе податоци колку точно руски војници има во зоната на конфликтот, макар што призна дека таму се наоѓаат единици за специјални намени.

Новинарите, меѓутоа, ги видоа руските војници на артилериските позиции кај античкиот град Палмира над кој силите на Асад неодамна ја презедоа контролата,, пишува „Ле Паризиен“.

Ако може да им се верува на фотографиите објавени на социјалните мрежи, на медалите ќе има изгравирано брод и воени авиони, а на позадината ќе се гледаат контури од Сирија, пишува весникот.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња