Кремљ ја коментираше можноста за размена на Савченко за двајца Руси

Москва го смета за незаконски притворот на руски државјани во американските затвори, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Москва го смета за незаконски притворот на руски државјани во американските затвори. Оваа тема била начната во текот на разговорот меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и државниот секретар на САД Џон Кери. Сепак портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека не е запознаен со некакви планови за размена на Надежда Савченко за руски државјани, соопштува „Лента.ру“.

„Русија сосем континуирано изјавува за своето несогласување со обидот за примена на американското право екстериторијално. И ние го сметаме за незаконски притворот на (Виктор) Бут и (Константин) Јарошенко во американските затвори“, изјави Песков.

Според неговите зборови, имено во таков контекст се слушнале презимињата на руските државјани во разговорот меѓу Путин и Кери. За планови за размена на украинскиот војник Надежда Савченко кој е осудена во Русија на 22 години затвор, Песков засега не знае.

Претходно портпаролот на американската амбасада во Москва Вилијам Стивенс изјави дека Вашингтон не разгледува таква можност.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња