Угледниот Меѓународен форум „Валдај“ и „Надворешна политика“ ќе го претстават на 29 мај извештајот „Меѓународни закани 2016“.
Андреј Сушенцов, еден од авторите на рефератот, програмски директор на клубот „Валдај“ истакнува дека денес практични постојат два пристапа во процената на американската политика и дека првиот смета дека САД свесно работат на слабеење на Русија, додека вториот смета дека Америанците посредно им нанесуваат штета на руските интереси со следењето на своите цели.
По успехот на операцијата во Сирија Русија почна да го пронаоѓа новиот вектор во односите со Западот. Русија се позиционираше како водечка сила на Блискиот Исток способна ефикасно да спроведува експедициски кампањи, пишуваат авторите на извештајот.
Учеството на Русија во сириската операција би можело да доведе до конфликт со Турција, се нагласува во текстот. „Се внесуваат измени во планот за одбрана на Русија до 2020 година, се држат воени вежби на кои се разработуваат сценарија за конфликт со Турција. Турците исто така одржуваат воени вежби со резервисти“.
Во извештајот се зборува и за заканата која за Русија ја претставуваат исламските радикали. Таа ќе остане дури и во случај на победа над терористите во Сирија, затоа што „најценетите борци и команданти, најверојатно, ќе се префрлат од Сирија во други земји во кои има послаба државна власт, како што се Ирак, Либија, Мали, Авганистан, Сомалија и други земји, каде ќе ја продолжат својата погубна дејност“.
Можниот раст на затегнатоста на Далечниот Исток и во југоисточна Азија, каде е забележлива конфронтацијата меѓу Кин и САД и нивните сојузници, исто така се наоѓа на списокот со меѓународни закани, додека Украина не е вброена во директните закани, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче