Руски Генералштаб: Палмира е ослободена со учество на рускиот спецназ

Ослободувањето на Палмира има стратешко значење во борбата со тероризмот во Сирија, изјави началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Валериј Герасимов.

Според зборовите на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Русија, прв заменик на министерот за одбрана на РФ генерал на армија Валериј Герасимов, ослободувањето на Палмира има стратешко значење во борбата со тероризмот во Сирија.

„Вчера, од террористите, благодарение на поддршката од ВКС Русија и силите за специјални операции, со учество на наши воени советници е ослободена Палмира – најважниот културен центар. Ослободувањето на овој град има стратешко значење во борбата со тероризмот во Сирија“, изјави Герасимов, пренесува РТ на руски.

Тој потенцираше дека „реализираната од страна на ВКС РФ операција во Сирија овозможи во корен да се прекрши ситуацијата со порастот на меѓународниот терористички чир: срушени се базите на терористите, уништени се складовите со оружје и муниција, блокирани се испораките на шверцувана нафта од која терористите добиваа финансиска поддршка“.

„Единиците на вооружените сили на Сирија и доброволечките одреди, како и формациите на умерената опозиција преминаа на активни офанзивни дејствија против бандитските формации на ИД. Склучен е договор и почнат процес на помирување“, додаде Герасимов.

Првите кадри од ослободената Палмира можете да ги видите овде.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња