Русија не дискутира за услови и критериуми за укинување на санкциите

Прашањето за укинување на ограничувањата воведени по измислени, нелегитимни изговори, треба во целост да биде адресирано до САД и Европа, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Русија не дискутира за услови и критериуми за укинување на санкциите на САД и ЕУ, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков во интервју за весникот „Известија“.

„Ние не дискутираме за критериуми, услови за укинување на санкциите. САД, исто како и ЕУ, ги воведоа санкциите по измислени, нелегитимни изговори и основи, затоа прашањето за укинување на санкциите е прашање кое е во целост адресирано до САД и ЕУ, а не фо Руската Федерација“, изјави Рјабков.

Во четвртокот портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјави дека прашањето за санкциите не  било дискутирано на средбата меѓу државниот секретар на САД Џон Кери со раководството на Русија во Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња