„Комерсант“: Можен конфликт меѓу пилотите причина за падот на Боингот

Конфликт меѓу пилотот и копилотот е една од можните причини за падот на Боингот во Ростов на Дон, пишува весникот „Комерсант“.

Несреќата на авионот Боинг 737 на компанијата „ФлајДубаи“ во Ростов на Дон можеби се случила поради кавга во кабината на екипажот, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на извор близок до истрагата.

Како што пишува весникот, експертите ги дешифрирале податоците од параметарскиот и говорниот запис на авионот. Како резултат на тоа можеле да ја утврдат сликата на она што се случило.

Екипажот, како што претпоставуваат експертите, не ги зел предвид карактеристиките на Боингот при преминувањето од режим на слетување кон режим на искачување во висина и авионот нагло се устремил нагоре како ловец.

Стручњаците сметаат дека пилотите поради замор или немање искуство не ја препознале самоволната маневра на авионот, а откако брзината на авионот почнала нагло да паѓа, во кабината настанал конфликт.

Пилотот го зголемил режимот на работа на моторите на полетен, обидувајќи се да добие на брзина. Копилотот пак претпоставувал дека е потребно да се спушти носот на авионот. Со извици „Стој.Каде?Стој!“ тој му се обраќал на колегата, оттурнувајќи го кормилото од себе за да го прекине искачувањето. Како резултат на тоа, управувањето на авионот, според зборовите на стручњаците, се расипало: во борт-компјутерот на Боингот почнале да пристигаат импулси од манипулациите кои истовремено ги правеле обајцата пилоти на двете кормила.

Екипажот успеал да ги усогласи своите активности дури во моментот кога двајцата пилоти ги почувствувале негативните оптоварувања, но веќе било предоцна, пишува изданието.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња