Клинцевич: Исламистите ѝ објавија војна на целата христијанска цивилизација

Според мислењето на сенаторот Франц Клинцевич, терористичкиот акт во Пакистан „во екот на празнувањето на католичкиот Велигден стана продолжение на низата трагедии кои ја потресоа Европа – падот на рускиот авион, терористичките напади во Париз, експлозиите во Брисел“.

Терористичкиот напад извршен во пакистанскиот град Лахоре на денот на празнувањето на Велигден според грегоријанскиот календар зборува за тоа дека исламистите ѝ објавија војна на христијанската цивилизација како таква, смета првиот заменик на претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата за одбрана и безбедност Франц Клинцевич, пренесува ТАСС.

Според неговото мислење, терористичкиот напад „во екот на празнувањето на католички Велигден стана продолжение на низата трагедии кои ја потресоа Европа – падот на рускиот авион, терористичките напади во Париз, експлозиите во Брисел“.

„Не може да не се види дека во суштина, војната ѝ е објавена на христијанската цивилизација како таква. Војна не на живот, ами на смрт“, смета парламентарецот. Тој исто така истакна дека „радикалните исламисти ја водат против сите христијани – католици, протестанти, православни, независно од тоа каде тие живеат – во центарот на Европа, на Блискиот Исток или на некое друго место“.

„Ова е релативно нова реалност, без чие осознавање денес е едноставно невозможна ефикасната борба со меѓународниот тероризам", убеден е Клинцевич.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња