Захарова: Дипломатијата во комбинација со ВКС Русија прават чуда

На некаков чудесен начин атмосферата во светот почнува да се менува, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Геополитическата атмосфера во светот почна да се менува благодарение на активностите на Русија: нејзината дипломатија во комбинација со Воздушно-космичките сили прават чуда, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова во емисијата „Неделна вечер со Владимир Соловјов“ на каналот „Русија 1“.

Така таа ги коментираше зборовите на учесниците во емисијата дека промените почнале со посетата на Кери на Москва, истакнувајќи притоа дека поттикот за промени не ја дала посетата на американскиот државен секретар, кој неделава беше во дводневна посета на Москва и разговараше со Сергеј Лавров и Владимир Путин.

Според зборовите на Захарова, „работите нема да се прават како порано“.

„Нема да се даваат мандати за борбени операции ако се знае дека земјите нема да даваат отчет. Нема да има премолчена согласност за мешање во внатрешните работи на земјите, нема да има фантазирање и согласување и гласање за резолуции кои во целост им ги одврзуваат рацете на едни и го менуваат геостратешкиот и геополитички релјеф во еден регион. Такво нема да има. И ние таа формулација ја слушнавме, ја усвоивме и применивме“, истакна таа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња