Захарова: Асад беше најдобар другар на Западот, а не на Русија

Москва јасно ја означи целта на операцијата на ВКС во Сирија – борба со тероризмот поради неуспехот на едногодишните напори на коалицијата предводена од САД, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Велат дека Русија ги испрати ВКС во Сирија за да го поддржи Асад во граѓанската војна. Така ќе можеше да се зборува ако Русија, на пример, ја испратеше војската за поддршка на една страна во Сирија во граѓанскиот отпор во 2011 или 2012 година“, изјави Захарова, пренесува „Взгљад“.

„Ние не го поддржувавме граѓанскиот отпор на една или друга страна. Ние следиме политика на немешање во внатрешните работи на државите“.

„Континуирано се залагавме за зачувување на легалната власт во Сирија со цел да спречиме нејзин распад. Русија ја почна операцијата на ВКС, означувајќи ја краткорочна. Целите беа  означени јасно – борба со тероризмот, вклучително и поради неуспехот на едногодишните напори на коалицијата предводена од САД. Операцијата на ВКС Русија течеше со невидена транспарентност“, изјави портпаролот на МНР РФ.

„Ние не го поддржуваме Асад. Не заборавајте: тој не беше наш најдобар друг, туку другар на Западот. Ние ги поддржувавме задржувањето на легалната влада, власта, сфаќајќи дека, ако си замине претседателот, по него ќе си замине владата, ќе се распадне извршната власт и армијата и Либија на сите ќе им се чини како „лесна прошетка“, рече Марија Захарова.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња