Рускиот контингент ќе учествува во деминирањето на Палмира

Како што соопшти портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, шефот на руската држава во разговор со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова изјавил дека рускиот контингент ќе учествува во деминирањето на Палмира.

Претседателот на РФ Владимир Путин во телефонски разговор со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова изјави дека рускиот контингент ќе учествува в деминирањето на Палмира, соопшти портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

Во разговорот со Бокова Путин исто така ѝ го честитал ослободувањето на Палмира од терористите. „Путин ја информираше Бокова дека заедно со сириската војска по наредба на врховниот командант претставници на рускиот контингент ќе учествуваат во деминирањето на овој древен град“, соопшти Песков.  

Според неговите зборови, „претседателот на Русија и генералниот директор на меѓународната организација се договорија дека УНЕСКО и Сирија ќе можат во најскоро време да ги преземат неопходните дејствија за процена на штетата што терористите ѝ ја нанесоа на Палмира, како и за изработка на план за обнова на она што може да се обнови“.  

Бокова му се заблагодари на Путин за помошта и во целост ја потврди подготвеноста на УНЕСКО за заедничка работа, додаде Песков.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња