Во провинцијата Хама доставени 10 тони руска хуманитарна помош

„Благодарение на соработката со колегите од сириската страна денеска успеавме да организираме враќање на цивилите во три населби. Ние подготвивме и довезовме овде десет тони хуманитарна помош“, изјави началникот на руската група за помирување во провинцијат Хама потполковник Герман Руденко.

Во населбите на сириската провинција Хама кои претходно беа под власт на терористите на „Џебхат ан-Нусра”, а потоа беа ослободени од сириската војска, доставени се преку 10 тони руска хуманитарна помош.

Поделбата на хуманитарната помош е извршена во населбата Фан ел Шамали, каде се собраа претставници и жители на осум најблиски села, пренесува РИА „Новости”.

Началникот на руската група за помирување во провинцијата Хама потполковник Герман Руденко, кој присуствуваше на делењето на хуманитарната помош, истакна дека враќањето на жителите во нивните домови е организиран во соработка со рускиот Координативен центар за помирување кој го обезбеди доставувањето на хуманитарната помош.

„Благодарение на соработката со колегите од сириска страна денеска успеавме да организираме враќање на цивилите во три населби. Ние подготвивме и довезовме овде десет тони хуманитарна помош“, изјави Руденко.

Тој додаде дека жителите на провинцијата Хама кои се враќаат во своите населби ослободени од терористите многу срдечно ја пречекуваат хуманитарната помош и им се благодарни на руските војници за испораката.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња