Јулија Тимошенко изјави дека Надежда Савченко, осудена од рускиот суд на 22 години затворска казна поради убиство на новинарите на ВГТРК во Донбас, ќе ѝ биде предадена на Украина, се вели во соопштението на сајтот на партијата „Батковшчина“.
„Многу сме вознемирени поради тоа што Савченко вети дека ќе почне штрајк со глад и жед сѐ додека не ја вратат во Украина. Според нашите информации, има одлука за тоа таа наскоро да биде предадена на Киев или за размена за руски специјалци, или за отслужување на казната на територијата на Украина согласно меѓународните правни договори. За ова има големи шанси овозможени од лидерите на САД и Германија“, - изјави лидерот на политичката фракција чиј член е Савченко.
Шефот на американската дипломатија Џон Кери во текот на својата неодамнешна посета на Москва изјави дека, како што разбрал од Владимир Путин, за прашањето за Савченко „во определен момент ќе се најде решение“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче