Полицијата на Црна Гора приведе 60 странци, од кои 55 Руси, поради сомневање за учество во меѓународен организиран криминал, соопшти локалниот весник ЦДМ.
Операцијата во која учествувале над 100 полицајци се одвивала во хотелите „Рамада“ во Подгорица и „Перјаник“ во Даниловград.
Сите 55 Руси се приведени во хотелот во Даниловград. По испитувањето сите се ослободени и не се покренати никакви обвинувања. Како што истакнуваат локалните медиуми, постапката на полицијата имала превентивен карактер и била потребна за добивање информации.
Покрај Русите, под сомневање се нашле и четворица Јапонци.
Операцијата е спроведена по добиена информација дека во земјата се наоѓаат луѓе кои имаат врски со меѓународниот организиран криминал и учествувале во насилства во странство.
Подоцна МНР РФ го потврди приведувањето на 60 странци меѓу кои биле приведени 55 државјани на земјите од ЗНД, вклучително и од Русија. Сепак, точната бројка на приведени Руси дипломатскиот ресор не ја прецизираше.
„Основа за приведувањето беа информациите во посед на црногорската полиција за можно учество во меѓународен организиран криминал...Имајќи предвид дека престојот на овие странски државјани во Црна Гора не бил регистриран во утврдениот поредок, во најскоро време тие треба да бидат протерани од земјата“, соопшти МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче