Позитивен исчекор во односите меѓу РФ и САД постои, постои и очигледна желба да се зборува за решавање на надојдените проблеми, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Веројатно, сепак може да се каже дека позитивен исчекор има. Го има во општата атмосфера, затоа што, ако ја споредиме атмосферата сега со онаа пред една година, тогаш, се разбира, во крајна мера, очигледна е желбата да се разговара, и постои подготвеност. Барем сега созреа свеста за безалтернативноста на дијалогот за решавање на оние проблеми кои не трпат одолговлекување“, изјави Песков за телевизијата ТВЦ.
“Сега и во Вашингтон и во Москва осознаваат дека на еден или на друг начин треба да разговараме. Ние треба, така речено, во „мочуриштето“ на нашите разногласија, многу сериозни концептуални разногласија, да најдеме некакви островчиња, каде нашите интереси се совпаѓаат, да застанеме на тие островчиња на нозе и понатаму да ги исчистиме тие „Авгиеви коњушници“ кои се изградија во нашите билатерални односи. Тоа е позитивното“, додаде Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче