Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека доколку би бил на местото портпарол на претседателот на Турција, веднаш би си да оставка по инцидентот со соборувањето на рускиот бомбардер.
„Да бев на таа функција, и да се случеше тоа што се случи, би поднел оставка. До пред половина година нашите односи со Турција можеа да се наречат за пример. Се случи несреќа и, за жал, таа несреќа беше од човечка рака. Автор на таа несреќа беше Анкара, и само таа може да ги минимизира нејзините последици“.
Песков истакна дека во моментов Русија воопшто не е подготвена за каков-било контакт со турската страна. „За тоа не може да стане ни збор, додека Анкара не го стори тоа што прилега да се стори во таква ситуација“, изјави Песков во емисијата „Право на знаење!“ на телевизијата ТВЦ.
Одговарајќи на прашањето дали портпаролот често мора да кажува за нешто што фактички не е така, Песков изјави дека тој имал наставник во дипломатијата кој го научил на еден принцип: „Никој не може да ги натера дипломатот да лаже, но и никој не може да го натера да ја каже целата вистина“, рече Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче