Москва подготвена да помогне за Палмира со испраќање на мисија на УНЕСКО

Русија е подготвена да помогне во испраќањето на мисијата на УНЕСКО во Палмира за процена на штетата и обновата на културното наследство и веќе е почнат дијалог за тоа, изјави заменик-министерот на МНР РФ Генадиј Гатилов.

Русија е подготвена да помогне во испраќањето на мисијата на УНЕСКО во Палмира за процена на штетата и обновата на културното наследство и веќе е почнат дијалог за тоа, изјави заменик-министерот на МНР РФ Генадиј Гатилов.

„Веднаш што ќе дозволи безбедносната ситуација, таму треба да биде испратена експертска мисија на УНЕСКО за процена на штетата и обнова на она што беше уништено од ИДИЛ. Од своја страна, Русија ќе биде подготвена да даде сестрана поддршка при испраќањето на таква мисија. Соодветни контакти со УНЕСКО по тој повод веќе почнавме“, изјави Гатилов во саботата во интервју за „Интерфакс“.

„Завршува операцијата за ослободување на Палмира од вооружените одреди на ИДИЛ. Ние изразуваме загриженост поради состојбата на тој историски споменик внесен на листата на УНЕСКО“, изјави заменик-министерот.  

„Исламската држава“ воспостави контрола над Палмира на средината на мај минатата година. Во октомври терористите ја кренаа во воздух Триумфалната капија и два храма на територијата на тој објект прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња