Премиерот на Русија Дмитриј Медведев соопшти дека донел одлука за зголемување на минималната плата од 1 јули на 7,5 илјади рубли, што е речиси за една четвртина повеќе од сегашниот показател, пишува „Лента.ру“.
Медведев побара од пратениците на Државната дума од фракцијата „Единствена Русија“ да подготват и оперативно да го усвојат соодветниот предлог-закон.
Тој исто така истакна дека владата од 1 февруари ги индексирало социјалните исплати за 7 проценти.
Во моментов минималната плата во Русија изнесува 6204 рубли месечно. Во 2015 година таа изнесуваше 5965 рубли.
Согласно законот, минималниот износ на платата се пресметува како 53,6 % од предвидениот износ за минимална егзистенција на работоспособните граѓани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче