НАТО нема да се согласи на „дил“ со Русија заради борба со тероризмот

Нема да се откажеме од решителниот одговор на руската агресија, а особено на незаконската анексија на Крим, истакна заменикот на генералниот секретар на НТО Алекдсандар Вершбоу.

Заменикот на генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу категорично ја отфрли можноста Алијансата да се согласи на отстапки во односите со Русија заради заедничка борба против тероризмот.  

Според неговите зборови, „НАТО ќе се придржува до својот став што се однесува до кризата во Украина“. „Нема да се согласиме на никаков „дил“, изјави Вершбоу при посетата на Литванија, а пренесува „Дојче Веле“.

Според неговите зборови, Алијансата нема намера да се откаже од дополнителните мерки за безбедност на источните територии заради можна поддршка во бобата против тероризмот.

Вершбоу смета дека со својата политика во украинското прашање „Русија ги разниша основните принципи на европската безбедност“. „Дури и кога би можеле поактивно да соработуваме во борбата против тероризмот, нема да се откажеме од решителниот одговор на руската агресија, а особено на незаконската анексија на Крим”, истакна заменикот на генералниот секретар на НАТО. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња