МНР РФ реагира на убиството на адвокатот на Грабовски во Украина

„Се потврдија нашите најстрашни сомневања. Киевските власти, без оглед на сите предупредувања, никако не успеаја или не сакаа да ја осигурат безбедноста на Јуриј Грабовски“, констатира руското МНР.

Руското Министерство за надворешни работи се надева дека украинските власти  на соодветен начин ќе го истражат убиството на адвокатот Јуриј Грабоцски, кој беше бранител на Русинот Александар Александров, соопшти прес-службата на МНР РФ.

„Се потврдија нашите најстрашни сомневања. Киевските власти, без оглед на сите предупредувања, никако не успеаја или не сакаа да ја осигурат безбедноста на Јуриј Грабовски“, констатира руското МНР.

Убиството на Грабовски е окарактеризирано од страна на МНР РФ како потврда на фактот дека во Украина јакнат „антидемократските, тоталитарни тенденции кои на ниеден начин не се вклопуваат во европските морални и правни норми“.

МНР РФ се надева дека украинското раководство ќе ги преземе сите мерки неопходни за истрага и гонење на сите вмешани во убиството на адвокатот.

Порталот на медиумскиот експерт Анатолиј Шариј потсетува дека главниот воен обвинител на Украина Анатолиј Матиос претходно раскажа за околностите под кои настрада рускиот адвокат.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња