Матвиенко: Русија може да ја обнови операцијата во Сирија

Русија нема да им дозволи на терористите повторно да ја разгорат војната во Сирија, рече претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко.

Размерот на новата операција на Воздушно-космичките сили на Русија во Сирија ќе зависи од степенот на закана, од тоа дали „Исламската држава“ и другите терористички организации ќе се обидат со нова ескалација на војната на воените дејствија и ќе започнат терористички напади против цивилите, изјави за РИА Новости претседателот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко.

„Ако терористите на ИД и другите меѓународни терористички организации се решат на  ескалација на воените дејствија, на терористички напади против цивилите, не може да се отфрли можноста за наше враќање со воздушна операција против терористите во размер кој ќе одговара на степенот на закана“, изјави Матвиенко. 

„Потсетувам дека во Сирија имаме две воени бази, дека работат наши стручњаци кои помагаат во воспоставувањето на мирот“, рече Матвиенко. „Повлекувањето на основните сили на руската војска е доказ дека нашите намери да ѝ донесеме мир на сириската земја се искрени“.Таа нагласи дека Русија ќе им се спротивстави на обидите да се повтори претходната фаза на воените дејствија.

„Следиме како се исполнува договорот за прекин на огнот, но тоа не е сѐ што правиме. Нашите офицери се и одлични преговарачи, дипломати. Активно работат со раководствата на различните опозициски движење, повикуваат на учество во дијалогот за мир. Секојдневно ги гледаме резултатите од таа работа, гледаме дека сѐ повеќе Сиријци ги поддржуваат тие напори“, нагласи претседателот на Советот на Федерацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња