Русија како и претходно е подготвена да ги „одмрзне“ односите со Турција под услов Анкара да ја признае својата одговорност за соборувањето на рускиот бомбардер Су-23, меѓутоа засега нема најави за тоа, изјави спикерот на Советот на Федерацијата Валентина Матвиенко.
„Руско-турските односи, благо кажано, оставаат простор за посакување на најдоброто. Како што знаете, заладувањето не настана по наша вина. Ние сме подготвени да ги „одмрзнеме“ под услов раководството на Турција да ја признае својата одговорност за уништувањето на рускиот авион над територијата на Сирија. Меѓутоа од турска страна засега нема дури ни најава за тоа“, изјави Матвиенко во интервју за РИА „Новости“.
Матвиенко истакна дека Турција е единствената земја која го блокира учеството на Курдите во сирискиот преговарачки процес во Женева. „Таа позиција се коси со резолуцијата на ООН, но Анкара е тврдоглава. Што, се разбира, пречи на одвивањето на мировниот процес во Сирија, консолидацијата на силите кои се залагаат против меѓународниот тероризам“, изјави таа.
Според зборовите на спикерот на Советот на Федерацијата, се создава впечаток дека денеска „некој дел од турските политичари е обземена од спомените за грандиозноста на поранешното Османлиско царство“.
„Но трезните, одговорни политичари треба да знаат и да ја паметат историјата на својата земја во целост, а не само оние нејзини фрагменти кои предизвикуваат носталгија. Инаку голем е ризикот да згазнат на истото грибло“, изјави Матвиенко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче