Претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека во 2015 година во земјата биле спречени над 200 терористички напади од кои повеќето биле подготвувани на територијата на Русија. Ова тој го изјави на седницата по повод Денот на формирањето на Службата за безбедност на Украина (СБУ), соопшти во петокот „112.ua“, а пренесува „Лента.ру“.
Порошенко истакна дека терористичките напади со цел дестабилизација на внатрешнополитичката ситуација во Украина биле планирани во Киев, Одеса, Николаево, Херсон, Запорожје, Херсон, Харков и Лавов.
„Тие (терористичките напади) претставуваат клучен елемент на хибридната војна што денес се води против нашата земја“, потенцираше украинскиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче