Повеќе од 320 терористи се уништени од 20 до 23 март од страна на авионите на руските Воздушно-космички сили (ВКС) во околината на Палмира, се вели во информативниот билтен на Центарот за помирување на спротивставените страни на територијата на Сирија.
„Од 20 до 23 март руските ВКС извршија 41 борбен лет во реонот на населеното место Палмира, при што нанесоа удари врз 146 објекти на терористите“, се вели во информативниот билтен објавен во четвртокот на сајтот на Министерството за одбрана на РФ, пренесува „Интерфакс“.
„Уништени се шест командни места, над 320 терористи, пет тенкови, шест артилериски орудија, два склада со муниција и 15 единици автомобилска техника“, се наведува во документот.
Минатата недела почна операцијата за ослободување на Палмира. Во четвртокот беше соопштено дека владините сили влегле во Палмира.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче