Силуанов: Русија се ослободи од зависноста од нафтата

Според мислењето на рускиот министер за финансии Антон Силуанов, преминот низ промените на надворешните услови не бил за руската економија толку драматичен како за другите земји.

Економијата на Русија се ослободи од нафтената зависност и почна да заздравува од „холандската болест“, изјави министерот за финансии на РФ Антон Силуанов, пренесува „Рамблер Њуз Сервис“.

„Почнаа да дишат оние гранки кои последниве години – години на високи цени на нафтата – се наоѓаа во застој, таканаречените нетрговски гранки. Нашата економија се ослободува од таканаречената „холандска ситуација“ од која боледувавме сиве овие изминати години“, изјави министерот на конгресот на Рускиот сојуз на индустријалци и претприемачи.

Според негово мислење, преминувањето низ промените на надворешните услови не бил за руската економија толку драматичен како за другите земји.

„Гледате дека го задржавме буџетот, дефицитот не го зголемивме. Тоа овозможи да се создаде поволна клима во толку сложено време кога нагло се намали надворешната побарувачка“, потенцираше Силуанов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња