Руски атлетичари останаа без медалите од Олимпијадата-2012 во Лондон

Спортскиот арбитражен суд го зголеми периодот на поништување на резултатите кај натпреварувачите во брзо одење Сергеј Кирдјапкин и Олга Канискина. Тие останаа без титулите олимписки шампион, шампион на светот и шампион на Европа.

На руските спортисти во дисциплината брзо одење Олга Канискина и Сергеј Кирдјапкин им се одземени медалите од Олимписките игри во Лондон 2012 година. Ваквата одлука беше донесена во четвртокот, 24 март, од страна на Спортскиот арбитражен суд (САС) во Лозана.
 

Спортистите беа дисквалификувани од руската анти-допинг агенција РУСАДА поради користење допинг на 20 јануари 2015 година по истрагата која почна во 2012 година врз основа на информациите на Меѓународната федерација на атлетски асоцијации (МФАА) во однос на петмина руски натпреварувачи во брзо одење.  

РУСАДА ги дисквалификуваше спортистите на три години и два месеци со поништување на резултатите за одделни периоди од нивната кариера. Притоа резултатите на атлетичарите на најголемите натпреварувања, вклучувајќи ги првенствата на светот, Европа и лондонската Олимпијада-2012 беа оставени да важат. Сергеј Кирдјапкин победи во Лондон на трката на 50 км, Олга Канискина беше втора на 20 км.



Сепак во март 2015 година 2015 МФАА поднесе жалба до САС.

Како резултат на тоа САС донесе одлука за поништување на резултатите на Кирдјапкин од 20 август 2009 година до 15 октомври 2012, на Канискина - од 15 август 2009 до 15 октомври 2012. На тој начин спортистите останаа без медалите освоени на Олимпијадата во Лондон што се одржуваше од 27 јули до 12 август 2012 година. Покрај тоа, Кирдјапкин остана без златото на светското првенство 2009 во Берлин, а  Канискина  без златото од две светски првенства - 2009 во Берлин и 2011 во Даегу (Јужна Кореја), како и без златото од првенството на Европа 2010 во Барселона.

Покрај Кирдјапкин и Канискина, под санкции на САС се најдоа тркачите Јулија Зарипова и натпреварувачот во брзо одење Сергеј Бакулин: двајцата останаа без златните медали од Даегу во 2011 година.

Министерот за спорт на Русија Виталиј Мутко го нарече случајот за дисквалификацијата на атлетичарите „затворена приказна“, соопшти „Рспорт.ру“.

Првиот човек на Руската атлетска федерација Дмитриј Шљахтин од своја страна истакна дека одлуката на САС никако нема да влијае на последните истраги поврзани со употребата на мелдониум. „Одлуката на САС не може да се оспори. Тоа е последната инстанца. На овој случај е ставена точка. Приказната со одземањето на медалите никако нема да влијае на допинг-скандалот во атлетиката. Овие процеси беа одамна познати“, изјави Шљахтин за „Газета.ру“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња