МВР РФ подготвено да го сподели искуството по бриселските напади

Министерот за внатрешни работи на Русија не даде директен одговор дали ќе бидат зајакнати мерките на безбедност во РФ.

Министерството за внатрешни работи на Русија е подготвено да го сподели искуството во спречување терористички напади со странските колеги по нападите во Брисел, но дали ќе ги послушаат неговите совети или не – тоа е право на другата страна, изјави министерот за внатрешни работи на РФ Владимир Колокољцев, пренесува ТАСС.

„Ние сме секогаш подготвени своето насобрано искуство да го споделиме со сите наши колеги“, изјави тој.

По нападите во Брисел неделава во европските земји активно се дискутира прашањето за инсталирање дополнителни технички средства за набљудување и проверка на патниците во големите транспортни објекти, вклучувајќи ги аеродромите, нешто што одамна е направено во Русија. На прашањето дали им препорачува на европските земји да го следат искуството на РФ, Колокољцев одговори: „Тоа е нивно право какво искуство ќе одберат“.

Министерот не даде директен одговор дали ќе бидат засилени мерките на безбедност во Русија по серијата експлозии во Брисел.  

Тој исто така истакна дека постојано се врши оперативна работа насочена кон откривање можни закани.

„Ние секогаш му посветуваме зголемено внимание на тој дел независно од тоа што и каде се случува нешто. Во секој случај, безбедноста на нашите сограѓани претставува за нас приоритет“.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња