МО РФ повика да престане заплашувањето на Европа со руски тенкови

Треба да му се стави крај на ширењето „хорор“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов. Тој ги нарече смешни изјавите дека Русија се подготвува за војна.

Неопходно е да се престане со ширењето страв дека Москва наводно сака да испрати тенкови во Прибалтикот, Бугарија или Романија, изјави во интервју за „Дојче Веле“ заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов.

„Треба да му се стави крај на ширењето страв дека РФ има намера да ги испрати своите тенкови во земјите на Балтикот, во Софија или Будимпешта. Никој нема намера да го стори тоа. Такви планови нема. Русија не сака војна. Тоа е едноставно смешно, дека Русија има намера да војува“, изјави Антонов.

Притоа тој ги нарече таквите изјави од страна на балтичките земји „стар трик“.

„Во земјите на Балтикот повикот „Русите доаѓаат, спасувај се кој може“ - тоа е стар трик. Тој делува и ја докажа својата ефикасност во добивањето од владата голем број трошоци за одбрана, како и во добивањето финансиска поддршка од земјите на Европа како што се Германија, Франција, Италија и Шпанија“, изјави заменик-министерот за одбрана на РФ. Притоа Антонов додаде дека не би ставил сите европски земји во ист кош.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња