„Нема враќање. Треба да го унапредуваме Евроазискиот економски сојуз, да го направиме сојузот не полош од ЕУ. Во спротивен случај пред нашите луѓе ќе изгледаме како дрдорковци“, изјави Лукашенко на средбата со претседателот на Колегиумот на Евроазиската економска комисија (ЕЕК) Тигран Саркисјан, пренесува „Взгљад“.
Според зборовите на Лукашенко, во ЕАЕС, формиран за мошне краток временски период, има доволно успеси. „Но недостатоци и нерешени проблеми кои треба да се решаваат поради објективни, субјективни причини, има многу. Затоа ќе мора сите со сите сили, од комисијата ЕЕК до претседатели и премиери за да го поставиме на високо ниво на функционалност Евроазискиот економски сојуз“.
Истовремено Лукашенко со оптимизам гледа на иднината на ЕАЕС. „Животот ќе нѐ натера многу брзо да се движиме на планот на формирање на нашиот сојуз, на пронаоѓање на формулата за која отсекогаш зборуваме. За да имаме, во нашите национални граници да има вистинска слобода: и на пазарите, и на капиталот, и на работната сила. За да не можат нашите национални проблеми да им пречат на развојот на заедничките интереси и решавањето на прашањата што се наоѓаат пред нас“.
Во четвртокот вицепремиерот на РФ Аркадиј Дворкович на Азискиот економски форум во Боао изјави дека Русија се залага за хармонизација на регионалните интеграциски процеси врз база на универзалните транспарентни принципи на меѓународната трговија. „На тоа е насочена руската иницијатива за почеток на консултации меѓу членките на ЕАЕС, ШОС и АСЕАН за формирање на можно економско партнерство, тоа би опфатило речиси една третина од светската економија според куповната моќ“, додаде Дворкович.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче