Претседателот на Русија Владимир Путин разговараше со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер за борбата со тероризмот по нападите во Брисел.
„Нашата средба се случува по ужасните трагични настани во Белгија и, несомнено, ќе бидеме принудени да му посветиме на тоа во текот на нашиот денешен разговор неопходно внимание“, рече шефот на руската држава отворајќи ја средбата.
Путин предложи и разгледување на билатералните односи меѓу РФ и Германија, како и врските меѓу Русија и ЕУ. Тој истакна дека смета е на место да се разговара и „за најважните и акутни ситуации кои ги има во различни региони на светот“.
Штајнмаер истакна дека кризните ситуации во светот не се сведуваат само на сегашната ситуација во Белгија.
„Белгија покажува дека живееме во свет полн со конфликти и тензии, пред сѐ, во Централниот и Источниот регион“, изјави шефот на германската дипломатија. Тој истакна дека последниве месеци имало многу дискусии за решавање на кризните ситуации, вклучувајќи ја и Сирија. „Што се однесува до Сирија, за последниве 2-3 месеци навистина напредувавме“, рече Штајнмаер.
„Ме радува што во однос на билатералните односи има тенденции кои даваат повод за оптимизам“, изјави министерот за надворешни работи на Германија, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче