„Соработка по линија на специјални служби се реализира, и како и претходно, за жал, засега не може да се каже дека е формиран светски фронт за борба со тероризмот. Засега сме далеку од таквото единство и ефикасна соработка“, изјави Песков, пишува „Взгљад“.
Песков исто така потсети дека претседателот на РФ Владимир Путин доволно континуирано го застапува своето гледиште дека ниедна земја или ограничена група земји самостојно „не се во состојба тоа страшно зло на 21 век“ да го победат.
Претходно Државната дума соопшти дека светските лидери треба итно да се сретнат и да изработат единствен пристап во борбата со меѓународниот тероризам, а не да се трудат да се справат со него сами и, згора на тоа, да водат „политика на забивање на главата в песок“ со надеж дека „несреќата ќе ја одмине твојата куќа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче