Лавров се надева на обединување на напорите на Русија и ЕУ против теророт

Москва се надева дека европските партнери пред лицето на тероризмот ќе ги остават настрана геополитичките игри и ќе ги обединат напорите со Русија во борбата со тероризмот, вклучително и по линија на ОБСЕ, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров на средбата со неговиот колега Франк-Валтер Штајнмаер во Москва.

„Денешнава средба дава можност да го продолжиме нашиот богат дијалог, згора на тоа во последно време билатералните контакти забележливо се активизираа, не само меѓу дипломатските ресори, туку и по меѓупарламентарна, меѓурегионална линија“, изјави Лавров, пренесува „Взгљад“.

Според зборовите на Лавров, овие разговори даваат „добра можност за дискусија за понатамошните планови во билатералната сфера“.

„И се разбира, да размениме мислења за меѓународните работи кои стануваат сѐ посложени“, додаде министерот.

Тој потсети дека Русија и Германија работат заедно на проблемот за решавање на кризата во Украина, на проблемот за сириското решение – во рамките на меѓународните формати.  

„Ги разгледуваме и другите актуелни проблеми денес на европскиот континент и во другите региони... Сметам на конструктивен дијалог (за сите овие прашања)“, изјави Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња